Вчера почина Владимир Ѓорчески-Ципа одбојкарска легенда на Тетово. Тој беше погребан денес во родното Тетово.
Владимир Ѓорчески-Ципа е роден 1960 година. Кариерата ја започна во Југохром, каде поминал две сезони. Следуваат пет години во Работнички и пет во Вардар. Ја продолжи кариерата и во странство со настап за Барселона во Шпанија и грчката екипа Арис. На крајот од играчката кариера повторно играше за Вардар и за Југохром. За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија за репрезентацијата играше пет години и беше прв капитен.








