Home » Почина новинарот Саше Димовски

Почина новинарот Саше Димовски

by Журнал.мк

Димовски беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
По долги и тешки здравствени компликации, на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем.

Димовски беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Димовски работеше во Канал 5, Сител и Алфа теллевизија, беше основач на порталот Сведок.мк и соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Тој беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 07.08.2024 година, на новите Градски гробишта во Велес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More