Почина 17-годишното момче од Волково што на 16 јануари качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.
– За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди – соопшти КАРИЛ.
Пациентот бил третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.