Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски, а веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.
– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски, напиша тој на нивната заедничка фотографија.
– Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“, напиша тој.
Мирко имаше своја теретана, а уште од мали нозе се занимаваше со бодибилдинг. Беше персонален тренер на многу наши познати личности. Петровски во својата биографија има запишани многу спортски успеси на домашно и регионално ниво, а се појавува на неколку професионални натпревари во Европа, Англија и Америка. Последните години активно работеше како фитнес тренер.
Тој е оженет и татко на едно дете.
Во 2013 година, Мирко Петровски е одликуван со државната награда „8-ми Септември“