Легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо почина на 58-годишна возраст по тешко боледување од тумор на мозокот.
Кошаркарскиот гигант со потекло од Конго помина 18 сезони во НБА играјќи за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси Нетс, Њујорк и Хјустон. Тој беше осумкратен Ол-стар и четири пати одбранбен играч на годината.
Секогаш ќе остане запаметен по тоа што мафташе со показалецот („Нема да поминеш“) секогаш кога ќе запре некого со „банана“.
По завршувањето на неговата играчка кариера во 2009 година се занимаваше со хуманитарна работа, а во 2015 година е примен во Куќата на славните. Тој се бореше со туморот од октомври 2022 година.