Германската филмска ѕвезда Харди Кругер почина на 94-годишна возраст. Актерот починал во средата, на 19 јануари, во својот дом во Калифорнија.
Кругер беше најпознат по неговите улоги во „A Bridge Too Far“ во кој глумеше со Шон Конери, Мајкл Кејн, Роберт Редфорд, Ентони Хопкинс и Џин Хекман и „The Wild Geese“ со Ричард Бартон.
Во поранешна Југославија, тој е секако најпознат по улогата на германскиот полковник Кранзер во филмот на Вељко Булајиќ „Битката на Неретва“ од 1969 година.
Во текот на животот глумеше во повеќе од 70 филмови и стана ѕвезда во Германија во 1950-тите, но изгради успешна кариера и во странство.
Имено, на премиерата на филмот „Битката за Неретва“ пред нешто повеќе од 50 години во Сараево присуствуваа ѕвезди како Орсон Велс и Јул Бринер, а Јосип Броз Тито го издвои Кругер како омилен лик во филмот.