13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Почина легенда на Манчестер Сити и поранешен англиски репрезентативец

Најчитани вести

Некогашниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер Сити, Колин Бел почина на 75 години по кракто боледување, објавија од таборот на премиер-лигашот.

„Колин почина по кратко боледување, болеста не беше поврзана со Ковид-19“, пиша Сити.

Бел во дресот на „граѓаните“ запиша 492 настапи, беше играч за врска и постигна 152 голови. Се наоѓа на петото место на клупската статистика по бројот на одиграни мечеви и по бројот на постигнати голови (четвртото место).

Беше член на тимот кој од 1968 година го освои втората титула на клубот по онаа од 1937 година. Во својата кариера ги има освоено, ФА Купот, Лига Купот и Купот на купови.

Бел беше дел од англиската репрезентација, имаше 48 настапи, а од 2004 година, една од трибините на стадионот „Етихад“ го носи неговото име.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести