Култниот режисерот, сценарист, музичар, глумец, фотограф, сликар и воопшто уметник, Дејвид Линч почина на 78-годишна возраст. Смртта на познатиот американски „оскаровец“ ја потврди неговото семејство. „Постои голема празнина во светот сега кога тој веќе не е со нас“, објавија тие.
Линч, кој е најпознат по делата како серијата „Твин Пикс“ (Twin Peaks), филмовите „Син сомот“ (Blue Velvet), „Мулхоланд Драјв“ (Mulholland Drive), „Ѕвезден булевар“ (Boulevard of Stars), „Изгубени на автопатот“ (Lost Highway) итн. кон средината на минатата година најави дека најверојатно ќе се повлече од јавниот живот поради емфизем – белодробна болест.
Често нарекуван „господар на модерниот надреализам“, Линч пораснал во разни градови низ САД поради работата на неговиот татко во Министерството за земјоделство. Уште од најрана возраст покажува интерес за уметноста – особено сликарството. Се запишал на Факултетот за ликовни уметности во Бостон, но набрзо се откажал поради незадоволство од традиционалните методи на учење. Во Филаделфија студирал на Академијата за ликовни уметности на Пенсилванија, па во овој период развил интерес и за „Седмата уметност“ – филмот.
На сцената дебитираше во 1977 година со хорор-филмот „Ерејзерхед“ (Eraserhead). Неговиот следен успех – биографскиот филм „Човекот слон“ (1980), којшто доби осум номинации за „Оскар“.
„Син сомот“ (1986) беше пресвртница во неговата кариера. Психолошкиот трилер ги истражува мрачните тајни на американските предградија и му донесе номинација за „Оскар“ за најдобра режија.
Следниот светски успех се случи во 1990 година, како сценарист и режисер на култната ТВ-серија „Твин Пикс“ – комбинација од мистерија, надреален хумор и мрачна атмосфера.
Освен со филм, се занимавал и со музика, сликарство и дизајн. Има издадено неколку музички албуми, меѓу коишто и „Crazy Clown Time“ (2011) и „The Big Dream“ (2013). Во 2020 година го доби почесниот „Оскар“ за животно дело.
Дејвид Линч зад себе има четири брака и четири деца.