Home » Почина Илија Андонов Ченто, министер во првата македонска влада

Почина Илија Андонов Ченто, министер во првата македонска влада

by Журнал.мк

На 92 годишна возраст денеска почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување.

Илија Андонов Ченто беше градежен инжинер по професија и е запаметен по изградбата на браната Калиманци. Тој беше најстариот син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Посмртните останки на Илија Андонов Ченто утре во 14 часот ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, а погребот ќе се изврши во 15 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk