Home » Почина еден од тешко повредените пациенти во несреќата во Нови Сад

Почина еден од тешко повредените пациенти во несреќата во Нови Сад

by Журнал.мк

Почина еден од тројцата пациенти кои беа тешкo повредeни по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, со што бројот на жртвите порасна на 15.

„Во прашање е пациентката која ги имаше најтешките повреди. Таа е 15. жртва на несреќата која се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај напорите на лекарите, дојде до смртниот исход“, изјави директорката на клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.

Таа додаде дека повредите кај починатата биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите ја продолжуваат борбата за спас на останатите двајца тешко повредени. Тие се во свесна, но и натаму во критична состојба.

Во уривањето на настрешницата на самото место загинаа 14 луѓе, меѓу кои и Македонецот Велко Саздовски, кој работел како научник во Нови Сад.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk