Home » Почина бебе од Србија во болница Виена: Мајката го донела со скршеници, родителите уапсени

Почина бебе од Србија во болница Виена: Мајката го донела со скршеници, родителите уапсени

by Журнал

Во Виена почина тримесечно бебе чии родители се од Србија. Тие биле приведени по смртта на детето, бидејќи се претпоставува дека бебето починало како последица на траума. Бебето во болница го донела неговата мајка, а лекарите веднаш констатирале дека детето има неколку скршеници.

Бебето веднаш било префрлено во АКХ, каде лекарите се бореле за неговиот живот, но за жал, сите нивни напори и обиди биле неуспешни бидејќи повредата на мозокот што ја имало детето била повеќе од сериозна.

Бебето се родило на крајот на ноември 2023 година. Под истрага се 29-годишниот татко и 26-годишната мајка. Наводно има и докази дека бебето претрпело тешка траума, како и дека имало скршеници. Наредена е обдукција на телото. Родителите имаат и двегодишна ќерка која моментално е сместена во згрижувачко семејство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk