Еден од најпознатите српски композитори, Атанасије Савиќ, почина вчера на 91-годишна возраст.
Савиќ починал утрото околу 8 часот, а ќе биде испратен на вечното почивалиште во Чачак, каде што живеел. Тажната вест ја потврди синот на Атанасије.
Тој беше редок поет меѓу текстописците, име кое вечно ќе се зборува со голема почит.
Многумина го знаат познатиот хит „једна ласта не чини пролеќе“ отпеан од Шабан Шаулиќ, а напишан од Атанасије Савиќ.
Атанасије го напиша и емотивниот хит испеан од Тома Здравковиќ, „Свирајте ноќас само за њу“, кој стана безвременски фолк евергрин.