Home » Почина Анка Гиева, доајенот на македонската народна песна

Почина Анка Гиева, доајенот на македонската народна песна

by Журнал.мк

Почина пејачката Анка Гиева, една од легендарните пејачки на народни песни и доајен на македонската народна музика. Имаше 86 години.

Родена во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.

Анка Гиева беше меѓу 13 легендарни музичари од областа на македонската народна музика кои во 2022 беа одликувани со Медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски. Одликувањето беше доделено за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk