Home » Почина Ален Делон, француската филмска икона

Почина Ален Делон, француската филмска икона

by Журнал.мк

На 88-годишна возраст почина легендата на францускиот филм, Ален Делон.

Според објавата на семејството на актерот, АФП пренесе дека Делон починал во својот дом во Души, околу 150 километри јужно од Париз.

„Почина мирно во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството. Ален Фабиен, Анушка, Ентони и неговото куче Лубо со длабока така објавуваат дека нивниот татко починал“, соопшти семејството на францускиот актер.

Актерот беше во лоша здравствена состојба во последните години, а од 1990-ите години неговите филмски појавувања станаа сè поретки.

Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-ите години, филмска икона на 20-от век, познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“.

Севкупно, Делон се појави во повеќе од 90 филмови во текот на својата кариера. Во 1997-ма објави дека се пензионира од глумата. Никогаш не бил номиниран за Оскар, но ја доби француската награда Цезар за најдобар актер во 1985-та и прими почесен Златен лав во Кан и почесна Златна мечка на Берлинале.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More