33
А.С. 31-годишен скопјанец им подлегна на повредите по пукањето кое се случи денеска на Бит Пазар. Пукањето се случило во близина на Полициската станица Бит Пазар.
Во полициското соопштение се наведува дека околу 14:00 часот било пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ во реонот на Бит Пазар имало пукање.