Home » Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

by Журнал.мк

Тинејџерот Вукашин Црнчевиќ (19) од Змајево, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад во ноември 2024 година, a почина по четири и пол месеци борба за живот.

– Пациентот В.Ц. (роден 2006 г.), кој беше тешко повреден при паѓање на настрешница во Нови Сад и кој по лекување во Клиничкиот центар во Војводина на 29.01.2025 година беше примен на ВМА, почина на 21.03.2025 година во оваа воено-медицинска установа. И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации. На семејството на покојниот В.Ц. Изразуваме најдлабоко сочувство – соопштија официјално од ВМА.

На кобниот 1 ноември, Вукашин пристигнал во Нови Сад, чекал превоз на Железничката станица во Нови Сад, брзајќи да се врати дома, а потоа врз него и уште 16 лица се сруши бетонска настрешница тешка неколку стотици тони. Вукашин тој ден е згрижен во Клиничкиот центар во Војводина, по што е префрлен на ВМА.

Тој беше на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и интензивно лекување на ВМА.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk