Со Чиста недела започнува Великиот пост, кој трае сè до Велигден и е период на духовно и телесно прочистување. Овој период се смета за најстрог во православниот календар, а традициите поврзани со него се пренесуваат со генерации.
Во текот на Чистата недела, постот е строг и се пости на вода. Верниците се посветуваат на покајание и молитви, подготвувајќи се достојно да го дочекаат најголемиот христијански празник – Велигден.
Традиции и обичаи во Чиста недела
Според старите обичаи, домот треба да се исчисти уште во првиот ден од постот – Чистиот понеделник, за да владеат радост и благосостојба. Во некои краеви се верува дека сè што ќе се започне во оваа недела ќе биде успешно, па затоа многумина ја користат за нови почетоци.
Постои верување дека во првите неколку дена од Чистата недела, жените не треба да готват и да палат оган, а мажите во некои краишта се воздржувале од јадење додека не се стемни.
Оваа седмица се смета за најважната во постот бидејќи ја симболизира чистењето на душата преку мисли, дела и молитва. Затоа, за многумина ова е почеток на патот кон духовно обновување и подготовка за Велигден.