Home » Победа на Македонија против Лихтенштајн, во 59 минута се скандираше Кочани

Победа на Македонија против Лихтенштајн, во 59 минута се скандираше Кочани

by Журнал.мк

Македонија со рутински 3-0 го победи Лихтенштајн на почетокот на квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026 година, во можеби еден од најтажните мечеви во историјата на македонскиот фудбал. Натпреварот доаѓа само пет дена по смртта на 59 наши сограѓани во кочанската дискотека.

Во натпревар со многу емоции, но без преголемо радување на головите, стрелци беа Александар Трајковски во 7-та, Висар Муслиу во 42-та и Бојан Миовски во 84-та минута. Избраниците на Благоја Милевски доминираа од почетокот на целиот натпревар, при што можеа да постигнат уште неколку голови.

На трибините во Вадуз имаше повеќе илјади македонски навивачи од околните земји и дијаспората. Кога почна да тече 59. минута од натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија, нашите навивачи почнаа да скандаираат „Кочани, Кочани…“ во чест на жртвите од пожарот.

Фудбалерите вечерва се враќаат за Скопје, а во вторник го пречекуваат Велс во вториот натпревар од квалификационата група за Мундијалот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk