Победа е екипа со најмлад второлигашки состав, што значи дека младите фудбалери тука ја добиваат својата шанса. И на последниот натпревар во вторникот на гости со Скопје прилепскиот тим во игра имаше дури деветмина со статус младинци:
Во првата постава настапија Бојан Ивчески, Димитар Шаркоски, Давид Н. Паскоски, Салим Арифи, Леонид Кофиловски, Јусуф Каба, Давор Богевски, а потоа и Андреј Петрески и Бектеш Исмаил. С ваков состав прилепскиот тим успеа да одигра одлично и да извлече реми без голови со неколку опасни акции кон домашниот гол.
„Ние младите секој влез во тимот со нетрпение го очекуваме. Штом добиваме шанса, даваме максимум за возврат – максимум за нашата Победа“, вели 18-годишниот Салим Арифи, еден од оние кои настапија против Скопје.
Победа веќе го обезбеди опстанокот, а следниот меч за докажување им е в сабота со гевгелиски Кожуф.