8 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

По вчерашниот земјотрес полицијата не пушта никој во Петриња, МОЖНА Е ЕВАКУАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО

Најчитани вести

По вчерашниот земјотрес со интензитет од 5.0 степени според Рихтеровата скала во Хрватска, чиј епицентар бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, полицијата во Петриња веќе не пушта никој поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во потресот во декември.

Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, додавајќи дека не исклучува евакуација на населението.

Во разорниот земјотрес од 6,2 степени на 29 декември 2020 година животот го загубија седум лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести