Home » По три децении, BMW реши да престане со производство на V-12 мотори

По три децении, BMW реши да престане со производство на V-12 мотори

by Журнал.мк

Но, побарувачката за ваквите мотори сѐ повеќе се намалува, а купувачите бараат поевтини и поефикасни мотори. И законската регулатива во голем број на земји ги насочува производителите кон развој на погони со пониска емисија на Co2.

Денес, автомобилската индустрија решително транзитира кон погони со нула Co2 емисија.

Затоа предностите, рафинираноста и врвните перформанси на V-12 повеќе не се клучни.

Во фазата на транзицијата на BMW и останатите производители кон електричните возила, се случува и транзиција на нивните инвестици. V-12 има историја и одбележа една ера, но новите луксузни електрични погони го исфрлија од игра.

Според проценките, до 2030 година се очекува пазарниот удел на електричните возила во САД да порасне од денешните 2,5%, на значителни 26%. Автомобилските производители планираат во следните три години во САД да лансираат дури 60 нови електрични модели.

Но, иако дел од луксузните брендови одлучија на почетокот на следната декада да произведуваат само електрични автомобили, BMW зазема нешто поумерен пристап.

Според плановите на минхенскиот премиум бренд, до 2025 година треба да испорача 2 милиони електрични возила, што би претставувало четвртина од вкупните продажби на BMW. 

Taa бројка треба да порасне на 10 милиони до 2030 година, што би претстсавувало половина од глобалните продажби на брендот.

За да го означи крајот на производството на V-12 мотори, производителот за американските клиенти ќе лансира специјална лимитирана “The Final V12” серија составена од само 12 примероци.

Овие возила, кои ќе бидат базирани на BMW M760i xDrive, ќе бидат придвижувани од твин турбо 6,6-литарски V-12 мотор, кој ќе има сила од 601 hp, а ќе забрзува од 0-100km/h за 3,6 секунди.

BMW ќе се потруди да истакне повеќе детали по кои овие возила ќе се разликуваат од останатите, а еден од нив е “V12” ознаката. Испораките на лимитираната серија се планирани за јули годинава, а цените започнуваат од над нешто над 200,000 Американски долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More