Home » По шест години во затвор Миле Јанакиески денес излегува на слобода

По шест години во затвор Миле Јанакиески денес излегува на слобода

by Журнал.мк

Поранешниот министер за транспорт и врски во владата на Никола Груевски, Миле Јанакиески по шест години во затвор денеска излегува на слобода.

Јанакиески во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколку пати беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово, а потоа во Шутка.

Јанакиески доби условен отпус со одлука донесена од Апелацискиот суд Скопје.

Од формирањето на СЈО, Јанакиески кривично беше гонет за неколку судски случаи.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур претходно утврди дека на Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите за 27 април и за „Шпански скали“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More