Home » По пауза од неколку години, Владо Јаневски пак се враќа во Охрид: Ќе биде роматично и еуфорично!

По пауза од неколку години, Владо Јаневски пак се враќа во Охрид: Ќе биде роматично и еуфорично!

by Lina Muslija

После шест распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт во „Атнички театар“ – Охрид. Настанот е закажан на 10-ти август, во организација на „Прагма продукција“.

-Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја-велат од организацијата.

Влезниците веќе се пуштени во продажба по цени од 800 до 1.200 денари, а пакетите со четири влезници и пијалок се од 7.000 до 10.000 денари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More