Home » По осум круга гласање, се уште не е избран претседател на Уставен суд

По осум круга гласање, се уште не е избран претседател на Уставен суд

by Журнал.мк

Денеска продолжи седницата за избор на нов претседател на Уставниот суд.

Се гласаше два пати за различни кандидати, при што ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство, односно поддршка од најмалку две третини од вкупниот број на судии или најмалку 6 гласови.

Во моментот се вршат консултации помеѓу судиите за продолжението на оваа седница, велат од Уставен.

Седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај и досега имаше осум круга гласања.

Со оглед дека се уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно.

Мандатот на досегашниот претседател на Уставниот суд, Добрила Кацарска заврши на 2 јуни 2024 година, вчера, по што од денеска продолжи да ја извршува функцијата судија на Уставен суд.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More