Судскиот совет денеска свика итна седница во 14 часот, на која според дневниот ред, ќе биде констатирана оставката на досегашната претседателка, Весна Дамева.
Таа на прес-конференција објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека оваа одлука е резултат на обидите да се наруши нејзиниот интегритет од страна на неколку политичари поврзани со власта.
На денешната седница, како што е најавено, ќе се разгледува и изборот на нов претседател на Судскиот совет.