Home » По Калиопи и Лара сака во Италија да се слушне македонскиот јазик

По Калиопи и Лара сака во Италија да се слушне македонскиот јазик

by Журнал.мк

Поминаа 6 години откако македонски претставник на Евровизија за последен пат се претстави и пееше на македонски јазик пред европската музичка јавност. Тоа беше Калиопи со фантастичната „Дона“. Сега таква можност посакува и Лара Иванова, која вчера ги изненади своите фанови и јавноста со објавување на lyrics-видео на македонската, а воедно и оригинална верзија на песната “Flower of sorrow”, со којашто моментално се натпреварува во изборот на македонски претставник на Евровизија 2022.

Македонскиот наслов на песната на Лара е „Цвеќе на тагата“, а видеото е достапно на официјалниот YouTube канал на Лара.

Видеото прикажува модерен пристап, со препознатлив стил најмногу кога се во прашање lyrics-видеата на странските ѕвезди. Веќе се појавија голем број на коментари дека песната звучи уште подобро и помоќно кога е испеана на македонски јазик, како и дека истото овозможува доловување на автентичност на самата песна и пораката што се пренесува.

„Со македонската оригинална верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик, како и дека и јас умеам да пеам и на двата јазици, но дека сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Истото за мене претставува посебна инспирација за интерпретација на емоциите во секоја моја песна. Не ми е примарна цел, но би сакала, секако, да победам на Евровизија, но, пред сè, најважно ми е да добијам шанса достоинствено да ја претставувам Македонија и македонскиот јазик и музика. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија. Заедно со тимот ќе го слушнеме гласот на публиката и ќе одлучиме околу финалниот настап, секако доколку бидам избрана”, вели Лара.

Музиката на „Цвеќе на тагата“ (“Flower of sorrow) е на Роберт Билбилов, а заедно со Дарко Димитров е потписник и на аранжманот. Текстот, пак, е на Робин Зимбаков.

Гласањето за македонски претставник на Евровизија трае до 4.2.2022 година и на следниот линк: https://evrovizija.mrt.com.mk/.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More