Home » По епидемијата на пертусис, поголем број имунизирани дечиња во Куманово

По епидемијата на пертусис, поголем број имунизирани дечиња во Куманово

by Журнал.мк

По прогласување на епидемијата од пертусис во Куманово, делумно е зголемен интересот за имунизација. Од здравствениот дом информираат дека продолжуваат да ги повикуваат родителите да се вакцинираат со дитепер вакцината. Од почетокот на февруари, досега се имунизирани речиси 4.000 дечиња до училишна возраст. Епидемијата на голема кашлица се прогласи во април.

„Сакаме да го зголемиме процентот на вакцинирање кај дечињата и работиме упорно за да превенираме за оние болести кои ги нема, но за жал повторно поради невакцинирање почна повторно да ни се јавуваат. Далеку сме од посакуваниот процент за да имаме комплетна заштита. Превенцијата е клучна и важно е да се едуцираат родителите“, вели д-р Валентина Богоевска Димитриевска, детски диспанзер Здравствен дом Куманово.

Куманово е еден од градовите со низок опфат на вакцинација. Лекарите велат дека најмалите кои не се целосно вакцинирани најчесто поминуваат со потешка клиничка слика.

Изминатите два месеца на ниво на ЦЈЗ Куманово се регистрирани над 40 заболени од пертусис, додека бројката од февруари годинава е над 130 лица.

И дел од граѓаните со согласуваат дека имунизацијата е најдобра заштита.

„Треба и ние сме ги вакцинирале нашите деца-вели една кумановка“.

„Ние старите знаеме дека ни е потребно, ние се за наша корист, но како да ги убедиме помладите“, посочува повозрасен граѓанин.

Од здравствениот дом информираат и дека со вакцинацијата против пертусис, благо се зголеми и процентот на вакцинирани против морбили.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk