Home » По 50 години, Рено заминува од Формула 1

По 50 години, Рено заминува од Формула 1

by Lina Muslija

Францускиот производител на автомобили Рено објави дека ќе стави крај на својата програма за производство и развој на мотори во Формула 1 од 2026 година.

Рено ги објави плановите за таканаречен проект за трансформација „Хипертек“ кој вклучува затворање на одделот за развој на мотори во Формула 1.

Фабриката на Рено во која се произведуваат Формула 1 мотори ќе биде посветена на развојот на електричните мотори и батерии, како и на преостанатите активности во моторспортот на Рено.

Тоа ќе биде крај на 50-годишната традиција.

Рено беше пионер во развојот на Формула 1 турбо мотори почнувајќи од 1977 година.

Оттогаш, Рено континуирано произведува мотори за болидите на Формула 1, со пауза од 1998 до 2000 година.

Во тековната сезона моторот на Рено го вози болидот на тимот Алпин кој на 18 трки освои 13 поени.

Тимот се уште не објави чии мотори ќе користат од 2026 година, се шпекулира дека од 2026 година Алпин ќе ги користи моторите на Мерцедес.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk