Home » По 44 години, уникатниот часовник на Џон Ленон проценет на 600.000 евра, вратен на Јоко Оно

По 44 години, уникатниот часовник на Џон Ленон проценет на 600.000 евра, вратен на Јоко Оно

by Lina Muslija

Јоко Оно е вистинскиот сопственик на часовникот кој му го подарила на нејзиниот сопруг Џон Ленон непосредно пред да биде убиен, пресуди врховниот суд на Швајцарија во четвртокот, откако тој повторно се појавил на аукција.
Уникатниот часовник Патек Филип 2499 му беше подарен на Ленон на 9 октомври 1980 година за неговиот 40-ти роденден, два месеци пред да биде застрелан.

Швајцарскиот часовник од 18-каратно жолто злато бил украден и поминал низ многу раце се додека еден колекционер не го однел во аукциската куќа во Женева на процена во 2014 година. АТогаш аукционерите веднаш ја контактирале Оно.
Оно го купила часовникот во Њујорк во 1980 година, а на задниот дел бил изгравиран натписот:
„(Само како) Почнувајки одново љубов Јоко 10-9-1980 N.Y.C.“

Објавен кон крајот на октомври 1980 година, неколку месеци откако беше снимен, „(Само како) Почнувајки одново“ беше последниот сингл на Ленон издаден за време на неговиот живот. Ленон беше застрелан пред станбената зграда на парот во Њујорк на 8 декември 1980 година. Часовникот беше последниот подарок што Оно му го даде на Ленон пред неговото убиство.

Иаку часовникот Патек Филип бил наведен во пописот на имотот на Ленон и бил чуван во соба во нивниот стан.
Човекот кој бил возач на Оно од 1995 до 2006 година, во 2010 година му го предал часовникот на посредник, заедно со 86 други предмети што му припаѓале на Ленон, покажаа судските документи.

Подоцна беше предаден на германска аукциска куќа, која во 2014 година го продаде за 600.000 евра на италијански колекционер кој живее во Хонгконг. Колекционерот пак го даде на аукциска куќа во Женева и тогаш тие ја известија Оно. Во 2018 година, колекционерот поднесе судска постапка барајќи да го утврди својот статус како сопственик на часовникот, при што Оно одговори на оваа пријава.

Во 2022 година, судот во Женева утврди дека Оно е единствениот сопственик.
Врховниот суд рече дека не е спорно дека Оно го наследила часовникот по смртта на Ленон.
Кантоналниот суд на правдата утврди дека часовникот „бил украден од поранешниот возач“, рече Врховниот суд, додавајќи дека нема докази што покажуваат дека Оно имала намера да донира „нешто посебно како часовникот“, со неговиот посебен натпис.

Часовникот на Ленон е кај адвокатот на италијанецот, кој според договорот треба да го врати на сопственикот  со пресуда од  државниот суд. Затоа истиот повторно ќе и припадне на Оно која сега има 91 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk