Home » По 11 години откриени извршители на убиство во тетовско

По 11 години откриени извршители на убиство во тетовско

by Журнал.мк

По 11 години се открени двајца извршители на убиство кое се случило во тетовското село Порој, информираат од обвинителството.

-Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сега 41-годишни жители на селото Порој, од кои првиот е директно осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик сторено во 2013 година, додека другиот му помогнал во извршување на убиството и бил соучесник во – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Првоосомничениот, на 12 октомври 2013 година, на излезот од селото Пирок, со умисла лишил од живот лице од Тетово поради претходни нерасчистени недоразбирања. Второосомничениот го ставил на располагање својот автомобил и двајцата заеднички набавиле автоматска пушка која на граѓаните им е забранета.

Откако се сретнале со оштетениот, првоосомничениот веднаш започнал да пука, испукал повеќе куршуми, нанесувајќи му телесни повреди со огнено оружје на кои оштетениот им подлегнал. Двајцата осомничени се дале во бегство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата. Согласно донесеното решение, за првоосомничениот притворот е ефективен веднаш, а за второосомничениот, кој е во бегство, притворската мерка ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, информираат од Обвинителството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk