Home » Појавата на свлечишта ќе го продолжи рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Појавата на свлечишта ќе го продолжи рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

by Журнал

Свлечиштата и процедурите за нивно решевање на првата и втората делница кои се појавија на трасата на автопатот Кичево – Охрид ќе го продолжат рокот за завршување. Проблемите во изведбата се од проектантски и технички аспект. Државата и наредниот период ќе продолжи да работи на трасата, со решавање на косините и свлечиштата, надминување на спорните точки и новонастанатите проблеми на проектот. Оваа го кажаа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми по денешниот увидот во работите придружувани од експерти од градежништвото.

Рустеми посочи дека ова е лош пример како се проектира и спроведува проект.

– Ова е типичен пример, како во нашата држава ние реализираме еден многу лош проект. Ова го кажуваат експертите, ова го кажува и извештајот од Државен завод за ревизија, ова го кажува и Фидик експертот со неговиот извештај. Затоа сме сите тука заедно, да ги гледаме сите овие проблеми што се појавуваат на изградба на овој автопат, рече Рустеми.

Тој посочи дека на првите две делници од автопатот до сега се појавиле 13 свлечишта од кои две се од понов датум. Како можно решение тој напомена дека е потребно во наредниов период ЈП за државни патишта, треба да избере и најде технички решенија.

– Решенијата за сите овие 13 нови свлечишта треба да се проектираат, да се добијат одобренија, а за тие инфраструктурни проекти можеби ќе се појават нови експропријации и да се изградат, подвлече директорот на ЈПДП Рустеми.

Министерот Бочварски смета дека се работи за специфични проектантски дејности, за кои како што нагласи, треба внимателно да се известува јавноста за постапките што ќе следуваат наредниот период.

– Треба да се отвори постапка за дополнително проектирање, потоа да се свика ревизија на таа проектна документација, од која ќе произлезе и предмет-пресметка што ќе ги даде количините и начинот на новата реализација односно решавањето на тие косини, по што ќе влезе механизацијата да работи на трасата според новата проектна документација, рече Бочварски кој посочи дека и во извештајот од фидик-експертот се посочуваат проблеми во техничко-проектната документација.

Министерот додаде дека на делниците на трасата каде нема новонастанати проблеми, градежните работи се одвиваат тековно, а во однос договорот со „Синохидро“ се преговара за новите рокови за реализација, за што јавноста ќе биде дополнително информирана. Околу дополнителните трошоци кои евентуално би се појавиле, министерот Бочварски и директорот на ЈПДП напоменаа дека по појавата на свлечиштата на трасата дека прво ние треба да се најдат решенија, а подоцна ќе се знае дали за тоа ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More