Home » ПМФЛ: Шкендија ја доби битката со Шкупи, Силекс и со фудбалер помалку сигурен против Воска

ПМФЛ: Шкендија ја доби битката со Шкупи, Силекс и со фудбалер помалку сигурен против Воска

by Lina Muslija

Денеска на програмата на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 16. коло во Прват македонска фудбалска лига, а во него немаше изненадувања и победи забележаа фаворитите.

Екипата на Силекс одигра одлично на домашен терен и славеше убедливо против Воск со 4:1. Треба да се каже дека Силекс постигна дури три погодоци со играч помалку. По голот на Додев во 23. минута, десетина минути подоцна Ѓеков заработи директен црвен картон.

Сепак и во таквва ситуација Силекс со головите на Игантов, Алиќ и Донов дојде до победата.

Во пресметката на големите ривали помеѓу Шкендија и Шкупи и славеа домаќините со 2:0 и за чаирчани ова беше петти пораз во низа.

Вардар не успеа да приреди изненадување и беше поразен на свој терен од Гостивар со резултат 0:2.

Работнички на свој терен го победи последнопласираниот Тиквеш со 2:0, Брера со 1:0 славеше над Баса, додека Струга со истиот резултат го совлада Пелистер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk