Home » Пленковиќ: Декларацијата од Самитот во Гранада содржи „позитивен и отворен јазик за процесот на проширување на ЕУ

Пленковиќ: Декларацијата од Самитот во Гранада содржи „позитивен и отворен јазик за процесот на проширување на ЕУ

by Журнал.мк

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека декларацијата од Самитот во Гранада ќе содржи параграф за проширувањето на ЕУ и посочи дека лидерите кои присуствуваа на самитот се договориле за „позитивен и отворен јазик за процесот на проширување“.

Пленковиќ, во пресрет на неформалниот состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ во Гранада, потсети дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека ЕУ и земјите кандидати треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година и оцени дека ова е сигнал дека сите треба да работат, пренесува Еуроактив.

– Со оглед на тоа што Хрватска последна се приклучи на Европската унија и е таму 10 години, ние им помагаме на нашите соседи во Југоисточна Европа, како Украина и Молдавија, со нашето знаење и пренесување на знаење како подобро да се подготват“, рече Пленковиќ.

Во нацртот на заедничката изјава, во која имал увид Ројтерс, се наведува дека „иднината на кандидатите за членство и нивните граѓани е во Европската унија“, пренесува ХРТ.

„Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот… и ЕУ и идните земји-членки мора да бидат подготвени“, се наведува во нацрт-документот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More