Home » Племе во Бразил доби интернет: Порано било забрането бакнувањето, а сега споделуваат експлицитни видеа

Племе во Бразил доби интернет: Порано било забрането бакнувањето, а сега споделуваат експлицитни видеа

by Журнал.мк

Само неколку месеци откако добило брз интернет, едно племе во Бразил станало зависно од филмови за возрасни.

Племети Итуи во септември преку реката Амазон беше поврзано со сателитската мрежа на американскиот милијардер Илон Маск. Заедницата ја прифатила технологијата, воодушевувајќи се, меѓу другото, од можноста брзо да повикаат брза помош во случај на каснување од отровна змија, а воодушевени се и од фактот што можат да бидат во контакт со далечни роднини. Но, имаше и некои, да речеме, помалку посакувани последици од поврзувањето на Интернет. Членовите на племето, предупредуваат оние кои комуницираат со нив, станале „мрзеливи“, се лежат во хамак, поминуваат цел ден на WhatsApp, озборуваат и разговараат со непознати на Инстаграм. Агресивно однесување.

Луѓето од Марубо се израснати во култура каде дури и бакнувањето во јавност се смета за скандалозно, а сега споделуваат експлицитни видеа едни со други. Водачот на здружението Марубо во блиското село предупредува и дека членовите на племето престанале да разговараат со своите семејства откако добиле пристап до Интернет. Еден од племенските старешини, пишува британски Телеграф, тврди дека сите биле многу среќни кога во нивното племе дошол интернетот, а сега работите од ден на ден се влошуваат.

Друг тврди дека племето сега е принудено да ги ограничи часовите кога неговите членови можат да пристапат на Интернет бидејќи дигитализацијата толку многу ја променила рутината на племето што неговите членови се мачат дури и да ловат. – Еве, ако не ловите риби, тогаш не ни јадете – ги пренесува британски Телеграф зборовите на еден племенски старешина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk