Home » Платиле 30.000 евра за неа: Ова е најскапата песна во историјата на регионалната музичка сцена

Платиле 30.000 евра за неа: Ова е најскапата песна во историјата на регионалната музичка сцена

by Журнал.мк

Пејачката Ана Николиќ во текот на кариерата сними многу песни што подоцна станаа хитови, а еден од најголемите е „Ромале, ромали“.

Оваа песна Николиќ ја изведе на Беовизија во 2006 година, а и денес е една од нејзините најпрепознатливи нумери.

Она што е помалку познато е дека пејачката ја купила оваа песна од музичарот Кики Лесендриќ за тогаш неверојатни 30.000 евра.

„Има многу песни што на авторите им донеле малку, а на изведувачите многу. Диспропорцијата секогаш постои. Јас илјада пати сум работел песни за нула денари. Обично работам или за пари или бесплатно, ако се работи за пријатели – под чест ми е да им наплатам. Но, ако е деловен однос, тогаш е друга приказна. Со Ана ситуацијата беше многу специфична. Требаше да работам цел албум, но на крај остана само таа песна. Бев лут и од инает ја зголемив цената драстично – и ја прифатија. Но, нема врска, резултатот беше добар и за неа и за мене. Тоа беше еден од оние моменти кога бев безобразен од некоја причина, а тој безобразлук ми се исплати“, открива Лесендриќ.

Инаку, истата година на Беовизија се случи контроверза кога жирито од Црна Гора не додели ниту еден поен на „Фламингоси“ со песната „Луди летњи плес“, иако беа водечки фаворити. Наместо нив, на Евровизија замина групата „Ноу нејм“ со песната „Моја љубави“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk