Home » Писонеро: Усогласеност со надворешната политика на ЕУ меѓу условите за исплата на средства од Планот за раст на ЗБ

Писонеро: Усогласеност со надворешната политика на ЕУ меѓу условите за исплата на средства од Планот за раст на ЗБ

by Журнал.мк

Исплатата на средства од Инструментот за раст и реформи за Западниот Балкан на земјите од регионот ќе зависи од успешната имплементација на реформите усогласени со Европската комисија и утврдени во реформските агенди, меѓу кои е и усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, изјави денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

– Како што знаете тие реформи ги опфаќаат и социо-економската сфера и областа на фундаменталните вредности, истакна Писонеро.

Таа нагласи дека во реформските агенди ќе бидат наведени и реформи и конкретни чекори што ќе треба да ги исполнат земјите од Западниот Балкан за усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, додавајќи дека за неисполнување на предвиденото ќе има последици.

Според Писонеро, Европската комисија во моментов ги анализира реформските агенди доставени од земјите партнери од Западниот Балкан и пред да ги одобри ќе се консултира со земјите членки.

– Тоа допрва треба да се направи. Постапката е во тек, потенцира Писонеро.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More