Home » Писмо со куршум му испратиле на словачкиот премиер Роберт Фицо

Писмо со куршум му испратиле на словачкиот премиер Роберт Фицо

by Журнал.мк

Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигнало денеска во словачката Влада, соопшти прес-службата.

Според информациите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна рендгенска проверка, јавува словачкиот портал „Плус 7 Дни“.

Писмото пристигнало од непознат испраќач.

Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата го истражува случајот.

Инаку, Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk