Home » Пилоти на комерцијални летови му помагаат на ЦУК во гаснењето на пожарите

Пилоти на комерцијални летови му помагаат на ЦУК во гаснењето на пожарите

by Журнал.мк

Директорот Стојанче Ангелов денеска брифираше дека Центарот за управување со кризи добил ненајавена помош од пилоти на комерцијални летови кои при прелет преку Македонија до контролата за летање пријавиле два нови пожари.

Пет активни пожари и три под контрола е моменталната состојба на теренот, каде стотина пожарникари, припадници на АРМ, полицајци, странска помош и доброволци се борат со пламените јазици во повеќе региони од државата.

Гори кај „Јасен“, на планината Галичица, Струга, Кичево, Демир Хисар. Сепак од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потенцираат дека состојбата на терен се менува од час во час.

Пожарот кај „Јасен“ е во фокусот на ЦУК и таму се распоредени голем број на пожарникари, специјалните полициски сили, унгарските пожарникари и „Ер трактори“.

Ангелов е оптимист дека пожарот на Галичица, кој гори веќе четврти ден, ќе биде запрен и локализиран.

Досега откриени се 10 лица против кои се поднесени кривични пријави за предизвикување на општа опасност или предизвикување на шумски пожар.

Полициските дронови ќе летаат 24 часа во денот во повеќе подрачја од државата и се опремени со термални камери за да бидат оперативни и во ноќни услови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More