Home » Пицула: Расплетот од кризата во Црна Гора мора да биде последица на договор на внатрешно политичките актери

Пицула: Расплетот од кризата во Црна Гора мора да биде последица на договор на внатрешно политичките актери

by Журнал.мк

Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула изјави дека расплетот од кризата во земјата мора да биде последица на договор на внатрешно политичките актери.

Пицула рече дека без разлика дали тоа е малцинска влада која ќе има стабилна поддршка во спроведувањето на реформите кои ја зајакнуваат независноста на институциите или преодна влада која ќе обезбеди нови избори, и двете треба да се погрижат политичките процеси во Црна Гора да бидат мирни и Црногорците да се тие кои одлучуваат за насоката во која ќе оди земјата.

За порталот CdM, Пицула изјави дека како известувач за Црна Гора секојдневно и интензивно следи што се случува и дека е загрижен.

Тој додава дека политичката поларизација не е невообичаена, туку таа мора да остане во институциите.

„Не смее насилно да се прелева на улиците, како што се случи минатата година“, рече Пицула.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More