Home » Пијан скопјанец го донел познаникот дома и пред сопругата и синовите пукал во него

Пијан скопјанец го донел познаникот дома и пред сопругата и синовите пукал во него

by Журнал.мк

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk