Home » „Пежо“ ја комплетира гамата електрични возила со новиот Е-408

„Пежо“ ја комплетира гамата електрични возила со новиот Е-408

by Журнал.мк

„Пежо“ ја комплетира својата гама електрични возила со новaта целосно електрична верзија на PEUGEOT 408, по лансирањето на plug-in hybrid верзијата во 2022. Новиот PEUGEOT E-408 комбинира неочекуван allure на fastback силуетата со нула емисии, возбудата од моќниот мотор од 157 kW/210 КС и задоволството од електричното возење на PEUGEOT, со опсег до 453 км. Кога станува збор за полнењето, процесот е едноставен со интегриран TRIP PLANNER.

Со откривањето на PEUGEOT 408 во јуни 2022, PEUGEOT ја донесе allure fastback силуетата на врвот во С сегментот. Неочекувано поинаков, 408 се издвојува со мачкестиот изглед, динамичните линии кои овозможуваат повисока позиција на возење и софистициран дизајн до најситните детали.

Двата електрични погона, PLUG-IN HYBRID 180 КС e-EAT8 и PLUG-IN HYBRID 225 КС e-EAT8, го означуваат првиот чекор на електрификација на 408. Претходно оваа година се приклучи 48V HYBRID 136 e-DCS6 на моделот 408. Новиот PEUGEOT E-408 ја подига стратегијата за електификација на повисоко ниво со погон од 157 kW/210 КС за возење без емисии заедно со 58,2 kWh (употрблива) NMC батерија.

Лансирањето на PEUGEOT E-408,го означува чекорот напред во амбицијата на PEUGEOT да стане лидер за електрични возила во Европа. Новиот PEUGEOT E-408 ќе се произведува во фабриката во Mulhouse и ќе има придобивки од ALLURE CARE програмата со гаранцијата од 8 години/160.000 км која е најдолга од кој било европски бренд, но во одредени земји.

Неочекуван fastback дизајн

Иновативен и неочекуван fastback дизајн кој совршено се вклопува кај новиот PEUGEOT E-408. Платформа која овозможува целосна електрификација без да има влијание врз стилот, динамиката или комфорот во внатрешноста.

PEUGEOT E-408 се базира на E-EMP2 (Eфикасната модуларна платформа), со вкупна должина од 4,69 м и ширина од 1,85 м (со преклопени ретровизори) и со меѓуоскино растојание од 2,79 м. Овие обемни димензии овозможуваат батеријата да се постави под каросеријата, под подот помеѓу тркалата, со што се зачувува просторот во кабината и се намалува центарот на гравитација кај PEUGEOT E-408 за динамично возење и зголемено задоволството при возење.

Оваа архиктетура ја комбинира динамичната елеганција на fastback, однесувањето на патот достојно за најдобрите лимузини и лесно покачената позиција за возење што го подобрува секојдневното уживање, безбедност и удобност.

Мачкаст изглед

Со ширина на возен трап, 1,59 м напред и 1,60 м назад, PEUGEOT E-408 цврсто стои на патот. И покрај тоа што е издигнат, овој модел нуди елегантен и спортски изглед благодарение на ограничената висина од 1,49 м, што ја подобрува аеродинамиката.

Мачкастиот изглед на PEUGEOT E-408 е нагласен со уникатните и остри линии на површината на каросеријата, особено се забележува на задниот дел со задниот спојлер во форма на мачкини уши, капакот на багажникот, и обликот на крилјата, создавајќи остри страни дизајнирани да си играат со светлината.

Страничната заштита на каросеријата и лаковите на тркалата се прошируваат во робусен црн заден браник, кој со дијагонално „сечење“ на бојата на каросеријата ја нагласува динамиката на задниот дел. Големите 19” Graphite фелни со иновативен дизајн добиваат 225-50R19 пневматици со многу низок отпор на тркалање (A+ класа).

Модерен индентитет

Со обработката, решетката во боја на каросеријата кај PEUGEOT E-408 се „претопува“ така што се вклопува во целокупната форма на браникот. Знак за генерациска промена и ера на електрификација на гамата на Peugeot.

Индентитетот на брендот е повидлив од кога било преку константното осветлување. На предниот дел се сместени LED многу тенки и ефективни предни светла кои го формираат изгледот на PEUGEOT E-408: смелиот изглед на PEUGEOT. Светлосниот потпис се протега надоле со две LED ленти во форма на лавовски заби кон браникот. На задниот дел, индетитетот на PEUGEOT кој е во форма на три LED лавоски канџи, внесуваат поголема динамика.

Достапни се пет бои за новиотPEUGEOT E-408: бела Okenite, сина Obsession, сива Selenium, црвена Elixir и црна Perla Nera.

Уникатно искуство при возење

Врвниот PEUGEOT i-Cockpit® oвозможува исклучителна ергономија. Компактниот управувач го продобрува задоволството при возење овозможувајќи уникатна агилност и прецизност при движење. Позиционирана во висина на погледот на возачот, веднаш зад управувачот, дигиталната инструмент табла вклучува целсоно приспособлив 10” 3D дигитален панел.

Задоволството при возење е во гените кај новиот PEUGEOT E-408, овозможени од радиусот на вртење од раб до раб од 11.18 m. Цврстината на каросеријата е оптимизирана со поврзување на структурните елементи за да се подобри вибрачката удобност.

Перформансите придинесуваат за задоволството при возење

Новиот PEUGEOT E-408 е опремен со синхронизиран електричен мотор со постојани магнети кој испорачува моќност до 157 kW (210 КС) и вртежен момент од 345 Nm. Овој мотор е произведен во франција, во Trémery, со заедничко вложување со STELLANTIS-NIDEC. Редукторот со кој е поврзан е произведен од STELLANTIS во Valenciennes (Франција).

Потребно време за полнење

На 7.4kW ѕиден полнач (32 A) и со 7.4kW еднофазен вграден полнач за целосно полнење потребно е 1 час и 40 минути.

На засилен приклучок (14 A) и со 3.7kW еднофазен бграден полнач за целосно полнење е потребно 3 часа и 55 минути.

На стандарден приклучок (8A) и со едофазен вграден полнач (3.7kW) за целосно полнење е потребно 7 часа и 05 минути.

Еден hybrid мотор е достапен кај PEUGEOT 408

HYBRID 136 e-DCS6: погон на 2 тркала /комбинација од 136 КС турбо мотор (100kW) и 48V батерија споено со 6-степен e-DCS6 автоматски менувач.

PEUGEOT HYBRID 48V системот се состои од најновата генерација на 136 КС бензински мотор надополнет со 6-степен менувач со двојна спојка и кој работи заедно со електричен мотор. Благодарение на батеријата која се полни додека возите, оваа технологија обезбедува дополнителен вртежен момент при ниски вртежи и намалување на потрошувачката на гориво до 15% (5.2 l/100 km според WLTP комбиниран циклус). При возење во градски подрачја, новиот 408 Hybrid 136 e-DCS6 може да вози до 50% од времето во 100% eлектричен режеим без емисии.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk