Home » Петровска: Не смееме да ја оставиме Украина сама

Петровска: Не смееме да ја оставиме Украина сама

by Журнал.мк

ратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денес присуствуваше во Делегацијата на ЕУ, во Скопје, каде имаше свој говор, и каде втора година по ред, се одржува настан во сеќавање на 24 февруари, кога во 2022 година, почна руската инвазија врз Украина.

– Како демократски општества не можеме и не смееме да ја оставиме Украина сама. И тогаш и денес, ќе бидам гласна во повикот дека поддршката и помошта која ја даваме на Украина мора да биде повидлива и пореална. Затоа што не смееме да заборавиме дека и тогаш и сега, Украина е живиот штит на Европа, рече Петровска во својот говор.

Република Северна Македонија помина низ тешки политички и економски предизвици, па дури и безбедносни и затоа длабоко ја разбираме важноста на меѓународната солидарност и поддршка, потенцираше Петровска.

– Лично јас, верувам и сите ние, ги поддржуваме сите дипломатски напори кои имаат за цел постигнување на праведен и траен мир – мир што ќе биде во согласност со меѓународното право и волјата на украинскиот народ. Иднината на Украина е иднина на Европа. Наша заедничка одговорност е да обезбедиме сигурност и одржливост на одлуките кои ќе бидат донесени, рече Петровска.

Таа се осврна и на прашањето кое деновиве се поставува, а тоа е: дали Путин победува.

– Тоа не е затоа што му е грижа за илјадниците загинати од двете страни, туку затоа што знае дека војната е изгубена. Она што требаше да биде 48 часовна инвазија и освојување на Киев, се претвори во 3 годишен отпор, решителност, храброст и одлучност. Затоа нашата поддршка за Украина не смее да престане, и сите ние заедно мора да останеме со Украина до крај. Затоа што денес, Украина не само што се брани од агресијата, туку се бори и за принципите врз кои почива мирот во Европа, рече Петровска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk