Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во 24 анализа рече дека, истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани треба да се прошири и да има обратен редослед, односно да почне од тие што се директно виновни.
Според неа, истрагата е селектива но и контаминирана од страна на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски.
„Не можам да се сложам дека истрагата е неселективна и ќе кажам дека со одреени изјави и дејствија истрагата е контаминирана и ќе треба да се направи промена која ќе покаже дека истрагата е на правилен пат. Сметам дека истрагата треба да се прошири односно истрагата требаше да почне од тие кои се директно виновни па потоа да се проширува понатаму. Со политичките изјави на Тошковски се контаминираше истрагата. Ја презеде улогата на главен обвинител но подоцна сфати дека Обвинителство треба да ја води истрагата. Како граѓанин и пратеник имам право да поставам јавно прашање и впрочем министерот даваше детали за истрагата. Моето тврдење дека истрагата е селективна е врз основа на Законот за полиција, според кој има најмалку 10 точки кои се прекршени“, рече Петровска.
Таа објасни и дека правдата ќе се задоволи само со реформи но и одговорност на виновниците.
„Треба да се види како ние како држава, како пратеници ќе покажеме дали сме ја научиле лекцијата. Ова е најголемата трагедија што се случила. И во минатото се случувале трагедии и сме велеле дека ќе ги научиме лекциите но свесни сме дека сите потфрливме. Кога зборуваме за ваква ситуација, се сложувам дека овој систем треба да се менува и ако гледаме години назнад нешто се менувало. Ако сакакме да покажеме дека сме ја научиле лекцијата треба да се задоволи правдата во формалниот дел. Истрагата допрва треба да се проширува. Правдата ќе ја задоволи реформирање на цел систем и имиња и презимиња на тие што се одговорни.