Home » Петровска го потпиша новиот Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата

Петровска го потпиша новиот Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата

by Журнал

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска во Министерството за обрана го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата.

Со овој Колективен договор, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.

„Вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем. Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелено ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува“, рече министерката.

Петровска се заблагодари на репрезентативниот синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите кои доведоа до потпишување на овој Колективен договор.

„Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста која ја покажавте имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог дојдовме до овој резултат. Како синдикат предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е што со овој Договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина“, рече претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Исајов.

Колективниот договор меѓу другите содржини опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk