Home » Петровска: Да се даде шанса на дијалогот за дипломатско решение на кризата меѓу Русија и Украина

Петровска: Да се даде шанса на дијалогот за дипломатско решение на кризата меѓу Русија и Украина

by Журнал.мк

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според неа, треба до крај да се даде шанса за дипломатско решение за кризата меѓу Русија и Украина, а политичките изјави се само чекор од деескалацијата, но треба да се види и придвижување на теренот за таа цел.

– Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина. Даваме последна шанса на дијалогот за дипломатско решение. Ќе го потврдиме единството на сите земји-членки на Алијансата, како и нивната безбедност, рече Петровска.

Петровска, во одговор на прашање на дописничката на МИА од Брисел, рече дека нема закани за безбедноста на нашата држава, и оти институциите во својата надлежност се подготвени и работат на тоа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More