Home » Петровска ја потврди кандидатурата за претседател на СДСМ

Петровска ја потврди кандидатурата за претседател на СДСМ

by Журнал.мк

Актуелната пратеничка и досегашна министерка за одбрана Славјанка Петровска потврди дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, партија која ги загуби парламентарните избори одржани на 8 мај.

Внатрепартиските избори во СДСМ се најавени да се одржат во јуни, а вечерва Централниот одбор на опозициската партија треба да се утврдат правилата околу постапката за избор на нов лидер по оставката на Димитар Ковачевски.

Од утре треба да почне рокот за поднесување на кандидатури за избор на нов претседател на СДСМ. Официјалната потврда за влегување во претседателската трка во партијата од Петровска стасува откако неколку пати изминатите две недели во медиумите посочуваше дека размислува да се кандидира за лидер на СДСМ.

Покрај Петровска, кандидатури за претседател на СДСМ најавија и Јован Деспотовски, актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More