Home » Петров: Во новата геополитика Македонија треба да го следи својот интерес

Петров: Во новата геополитика Македонија треба да го следи својот интерес

by Журнал.мк

Поранешниот пратеник Андреј Петров во Отворено рече дека, во новите геополитички состојби Македонија треба да го гледа својот интерес.

Според него, близината на Македонија со Унгарија не е баш добра насока бидејќи како што објасни Петров, Орбан не е личност која е добро прифатена во Европската Унија.

„Не ми се допаѓа што сме блиску до Орбан и не мислам дека тој треба да ни биде репер. Мислам дека тој важи за на некој начин екстремен десничар во своето делување, неговите конфронтации со ЕУ се познати, тој преку владеењето се одржува толку години и од една страна треба да го критикуваме Вучиќ дека е долго на власт а за Орбан да велиме дека е демократија. Нема што да бара Македонија таму и да се доближува. Тие имаат свој интерес да влијаат во регионот. За Македонија не е добро затоа што тоа е личност која не е добро прифатена во најгоелмите европски земји кои се наши партнери. Ние треба да го гледаме нашиот интерес. Покрај САД следни наши најголеми поддржувачи се големите земји во ЕУ и треба да имаме добри односи“, рече Петров.

Тој зборуваше и за средбата помеѓу Зеленски и Трамп која според него била шокантна и драматична.

„Средбата беше шокантна и драматична и во таа овалана соба немало јавна слична средба на која толку жестоко било влезено во дебата со домаќинот. Мислам дке таа средба само го забрза она што се претчувствуваше а тоа е дека Трамп ќе има поинаква стратегија која ќе биде американска и нема да води сметка за ничии други интереси. Од аспект на Зеленски кој има земја во војна со жртви и влегува во четврта година на војна веќе. Не можете толку вербално и жестоко да дебатирате пред камера. Зеленски имаше радикален влез“, додаде Петров.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk