Home » Петров: Нема подобар кандидат од Пендаровски за албанскиот електорат, покажа дека не ги дели граѓаните

Петров: Нема подобар кандидат од Пендаровски за албанскиот електорат, покажа дека не ги дели граѓаните

by Журнал

Претседателот Пендаровски беше кандидат и на ДУИ на претходните избори. Веројатно нема подобар кандидат за албанскиот електорат во државата од Стево Пендаровски, бидејќи веќе еднаш бил, се покажал дека не ги дели граѓаните по етничка основа. Не мораме да бараме претседателот да биде марионета која ќе ја контролира која било политичка партија. Напротив, треба да биде личност со свој интегритет кој понекогаш дури и да не им се допаѓа на политичките партии од мнозинството или оние кои го подржале, треба да донесе став кој е во интерес на сите граѓани“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во утринската програма на Слободен печат.

Затоа смета тој претседателот се бира на директни избори, затоа и мандатот му е силен, за да може да носи и одлуки со кои не се согласува владејачкото мнозинство. Законодавецот неслучајно ја ставил можноста за вето, за да може да се размисли, да се види дали е исправно.

– Ова не е прв пат Пендаровски да не потпише некој закон, рече Петров. Тој додаде дека прекупна е претседателската функција за да се сведе на ултиматум за една одлука.

Според Андреј Петров клучно за изборните резултати ќе биде донтовиот модел според кој се пресметува количникот на добиени гласови и според него можно е владината коалиција значително да ја намали разликата што се појавува на анкетите и ако оди заедно на парламентарните избори да ја освои власта. Во тоа може да помогне и самата ВМРО-ДПМНЕ која очигледно нема план за европските интеграции, но чесно е да ја декларираат позицијата против членството во ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk