Home » Петнаесетгодишните ученици во овој период се подложени на ПИСА тестирањето

Петнаесетгодишните ученици во овој период се подложени на ПИСА тестирањето

by Журнал.мк

Околу 7.500 ученици на возраст од 15 години ќе бидат опфатени со тестирањето „ПИСА
2025“, кое се очекува да заврши до средината на мај. Од Државниот испитен центар за
Алсат изјавија дека годинава фокусот на Програмата за меѓународно оценување на
учениците е ставен на Природните науки, наспроти мајчиниот јазик и познавањето на
Математиката. Учениците кои веќе учествуваа на ова тестирање велат дека многу од
прашањата биле логички, а дел од материјалот што го имаат учено во основното
образование. Она што ги збунило некои од учениците и поради што не одговориле, биле
прашањата што се однесуваат на семејството, образованието на родителите и условите во
кои живеат.

„Поминавме многу добро, тестот беше малку тежок, не премногу. Прашањата беа од
основното училиште. Имавме и прашања за сопствениот живот. Останав до крај, тестот
PISA траеше околу четири часа“, рече еден ученик.

„Ми остави впечаток тоа што имаше многу логички прашања, тие не ми се допаднаа
бидејќи се однесуваа на лични работи. На пример, какво образование има родителот, што
работи, колку соби имаш, дали живееш во стан или куќа. Мислев дека ќе се појави моето
име и презиме и дека тие информации ќе бидат поврзани со мене, затоа не сакав да
одговорам. Дали одговори на тие прашања? На некои, а на другите што беа премногу
лични не“, додаде друг ученик.

„Имаше некои прашања на кои не можеш да одговориш, на пример за родителите каде се
вработени, каде живееме. Ми делуваа многу чудно бидејќи не е неопходно да се каже каде
живееме ние или каде се вработени моите родители“, рече една ученичка.

Според директорката на Државниот испитен центар, ваквите прашања даваат јасна слика
дали економските или станбените услови се меѓу причините за неуспехот на децата во
учењето. Исто така, од Центарот потсетуваат дека овие промени ќе ја истакнат и
развиеноста на технологијата во земјите кои се опфатени со тестирањето.

Тестирањето „PISA 2025“ започна на 1 април и ќе опфати 125 училишта. Во „PISA 2022“,
од вкупно 81 земја, учениците од Македонија беа рангирани на 71-то место според
познавање на јазикот и на 61-то место според познавањето на математиката. Од
Министерството за образование и наука изјавија дека овие резултати се последица на
пандемијата од КОВИД-19. На претходното тестирање спроведено во 2018 година,
учениците од Македонија беа рангирани на 67-то место од вкупно 77 земји учеснички во
делот на читање со разбирање и математика и на 63-то место во делот на природните
науки. Македонија учествувала на PISA тестирањето и во 2000, 2015 и 2018 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk