Home » Петков за одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ: Цела ЕУ застана на страната на Бугарија

Петков за одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ: Цела ЕУ застана на страната на Бугарија

by Журнал.мк

„Времето покажа дека договорот што го направивме за време на нашата влада – „францускиот предлог“ се покажа многу добар за Бугарија. Во реалноста, целата Европска Унија застана на страната на Бугарија, а Република Северна Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот Устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен“.

Ова во Бугарија го изјавил Кирил Петков, еден од лидерите на бугарската „Продолжуваме со промените“, екс премиер на земјата во врска со одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, Албанија да се одвои од Македонија на патот кон влез во ЕУ.

Петков изразил надеж дека „Република Северна Македонија ќе ја преиспита својата позиција, бидејќи она што сега се случува е дека Албанија се одделува од пакетот и ќе продолжи побрзо“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk